Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДИК: До 13 часот, 19 проценти излегле на гласање

Според Државната изборна комисија до 13 часот излезноста е 19,89 проценти, од обработените 95,86 проценти од гласачките места, каде гласале 344.784 гласачи.

Најголема излезност има во Прилеп 35,05%, во Новаци 33,12, Свети Николе 31,10, Неготино 29,02, Пробипштип 30,62, Ранковце 30,63, Демир Капија 32,75 проценти, Кратово со 30,53%, Вевчани со 29,54 проценти од гласачите

Најмал број избирачи излегле во Липково 5,43, Желино 6,62, Врапчиште со 7,5 проценти.

На сите гласачки места гласањето тече без проблеми. Само едно гласачко место, 2344 во Студеничани не е отворено и таму гласањето денеска нема да се одржи.

И гласањето на вонредните локални избори за градоначалници во Охрид, Ново Село, Дебар, како што соопштија од ДИК се одвива исто така мирно без проблеми.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК