23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ поднесе уште два приговора до ДКСК

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе уште два приговора до Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

„Првиот се однесува на одлуката за измена на детален урбанистички план во општината Ѓорче Петров, каде што локалната власт на СДСМ уништува парк за да се гради станбен објект. Одговорни се градоначалникот и Советот, кои прифатиле точка и ја изгласале одлуката во изборен период. Иако иницијативата е поднесена од приватно лице пред изборите, во овој период не смее да се менува ДУП бидејќи се отвора можност за влијание врз гласачи.

Вториот счучај се однесува на лице вработено во администрацијата, кое работното време, наместо на работното место, го поминува во штабот на Стево Пендаровски. За време на посетата на идната претседателка на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на штабот на Пендаровски во Скопје, меѓу присутните е и градежен инженер од Демир Хисар, вработен во Министерството за финансии.

Зоран Заев и Стево Пендаровски се во паника бидејќи се соочени со изборен пораз и затоа скандалозно и недопустливо секојдневно ги злоупотребуваат институциите и буџетот во изборни цели. Затоа, на социјалните мрежи кружат фотографии и видеа како се делат дрва и како се асфалтираат улици, иако ваквите активности се забранети во предизборниот период.

Власта и на централно и на локално ниво две години камче не фрли, ниту шајка закова, па сега се надева дека граѓаните имаат заборавено и дека нивната чест и достоинство ќе може да се купат со пари што и онака се буџетски.
Заев и Пендаровски ги потценуваат граѓаните, кои веќе избраа и се одлучија за правда за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ очекува ДКСК да ги прифати поднесоците од ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме и ЈО да постапи по нивните наоди. Државните институции мора да се ослободат од притисоците и да преземат мерки да не се узурпира волјата на гласачите.

Криминалниот клан во власта е изворот на корупцијата и мора да му се стави крај. Стево Пендаровски е вториот лик на Зоран Заев. Стево Пендаровски му е потребен на Зоран Заев за непречено да продолжат криминалот и корупцијата, единствената владина насока.

Македонија мора да стане држава во која важат законите, важи правото, се цени правдата, Македонија мора биде држава на правото и правдата, а тоа е возможно само со убедлива победа на Гордана Силјановска-Давкова на 21 април и потоа на 5 мај, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.