20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силјановска од Карбинци: Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запрат

Кандидатот за претседател, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, се сретна со граѓаните во општина Карбинци. Таа им порача дека во индустријата за производство на облека трудот вреди 60 проценти од вкупната цена на производството.

„Нашите текстилни производители со цел да се тркаат со источна Азија во континуитет наоѓаат начин како да ја намалат цената на трудот. Неколку години наназад ова е трка кон дното, во која најмногу страдаат жените, и тоа поради родовата поделба на работните места на пазарот на труд. Денес, се сретнав со текстилните работнички од Штип. На средбата тие ми укажаа на дискриминацијата на работното место, на влијанието на минималната плата, кое дејствува како урамниловка. Ми посочија за нефункционирањето на т.н. спирала на покачување на платите на повисоките позиции, односно за оние што имаат поголемо искуство, знаење или компетенции, за непријавениот труд, за неможноста од синдикално организирање итн. Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запрат“, нагласи Силјановска-Давкова.

Таа истакна дека Македонија мора да размислува и дејствува развојно! Да го искористи капацитетот што постои, но и да инвестираме во основна индустрија, дизајн и производство на сопствени производи.

„Како претседателка ќе сторам сè да стимулирам вакви развојни процеси. Исто така, ќе го побарам и она што секоја влада го заборава – а тоа е официјално вклучување на Македонија во пан-европската асоцијација на дијагонална кумулација на потекло на стоките, што ќе овозможи финалните производи од Македонија да кумулираат потекло и да се извезуваат во ЕУ без царини. Тоа ќе обезбеди поголема додадена вредност за нашата економија, поголеми плати и економска интеграција на Македонија во Европската Унија“, рече Силјановска-Давкова.

Спонзорирано: