15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Регистрирани 202 заболени лица од грип

Oд 8 до 15 април, во земјата се пријавени 202 случаи со заболувања слични на грип, што е за 28,6 проценти намалување во споредба со минатата недела, соопшти Институтот за јавно здравје на својата веб-страна.

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 47,4 проценти споредено со 15-та недела од минатата сезона, а во однос на бројот за 15-та недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 8 сезони, постои двојно зголемување, велат од Институтот.

Регистрираната инциденца оваа недела е под границата за сезонска активност.

Во текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 17 материјали за тестирање на грип, од кои 2 (11,8 проценти) позитивни за присуство на вирусот на грип –Influenza A(H3).

Можеби ќе ве интересира

Среде бел ден во Скопје нападната пензионерка додека била во продавница

ДЕСК

18-годишна скопјанка нападната од нејзиниот партнер

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.