2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Бугарско издание на поетска книга од Филип Димкоски

Во издание на издавачката куќа „Палмира“ од Стара Загора, Бугарија, деновиве од печат излезе бугарското издание на поетската книга „Во градината има само љубов“ од македонскиот поет Филип Димкоски.

Препевот е на Палмира Никленова, автор на корицата е Кристијан Јованоски, рецензенти се Илијана Каракочева (Бугарија), м-р Снежана Алексиќ Станојливиќ (Србија), проф. д-р Гордана Попсимонова и проф. д-р Васил Тоциновски (Македонија), предговорот го напиша д-р Александар Димкоски, а уредник на изданието е писателот Димитар Никленов.

Првата промоција на книгата ќе се случи на 20 мај во во куќата-музеј „Гео Милев“ во Стара Загора, а предвидени се и промоции низ други градови на Бугарија до крајот на годинава.

Неговата книга „Божилак на исконот“ исто така објавена е на бугарски јазик и промовирана низ Бугарија во 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК

Нова едиција на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“ – Вистинските бајки од Македонија за хероите од историјата

ДЕСК