Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Могерини: Балканот е во Европа, затоа не сакам да го користам изразот проширување, туку обединување

Кога ќе ја погледнете мапата, Балканот е во Европа, изјави високата претставничка на ЕУ, Федерико Могерини, на седницата на Комитетот за надворешни работи на ЕУ, наведувајќи дека не сака да го користи терминот „проширување”, туку„обединување”, објави порталот EWB.

„Кога ќе ја погледнете мапата на Европа, Балканот е во Европа, затоа не сакам да го користам изразот проширување, туку повторното обединување на Балканот со Европа”, рече Могерини, додавајќи дека ЕУ може максимално да го искористи своето влијание ако делува конзистентно.

Зборувајќи за достигнувањата на Европската служба за надворешни работи во изминатите пет години, таа ја искористи можноста да го пофали договорот постигнат меѓу Северна Македонија и Грција. Могерини очекува дека, според ветувањата, Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

C +
error: Соддржината е заштитена.