ВМРО-ДПМНЕ очајно манипулира и лаже за наводни отпуштања од администрацијата, нека се подготви за пораз во недела, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за партизацијата на сите државни и јавни институции нема никаков кредибилитет да зборува јавна администрација. Опозициската партија втор ден по ред, извртува изјави и податоци и лаже дека ќе следувале масовни отпуштања на лица вработени во институциите. Што ВМРО-ДПМНЕ направи во изминатите години освен што од државните институции направи партиски испостави? Каков план нуди ВМРО-ДПМНЕ денес за администрацијата, освен што секојдневно шири лажни вести? Заврши времето кога се криеше бројот на вработени во јавната и државната администрација, кога институциите беа претворени во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со заминувањето на таа партија во опозиција“, потенцира СДСМ во реакцијата.
Од владејачката партија велат дека со започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат, процесот на вработувања во државните институции се одвива според годишните програми и потреби на институциите, а дел од вработувањата се со цел подобрување на состојбите во институциите во кои постои сериозен недостиг на кадар.
„Граѓаните да останат смирени, ниту имало, ниту ќе има масовни отпуштања од администрацијата како што лаже ВМРО-ДПМНЕ“, додава СДСМ.