5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Николовски: Над 90 отсто од тутунопроизводителите добија зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2018

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Прилеп имаа средби со земјоделци и тутунопроизводители во врска со плановите за новата производствена реколта за тутунот, но и за останатите мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Министерот Николовски потенцираше дека за реколтата 2018-та се откупени 25,2 милиони килограми тутун, од кои над 90 отсто од земјоделците предале тутун од прва и втора класа.

„Во контекст на политиките кои ги водиме согласно тековните исплати, календарот за исплата, Програмите, навремено беа обработени списоците за исплата на тутунот од реколтата 2018-та. Имавме стабилен откуп, со просечна откупна цена од 214,2 денари за килограм, откупени се 25,2 милиони килограми, а исплатени се кон тутутнопроизводителите над 5,4 милијадри денари од страна на компаниите откупувачи. Од овие откупени 25,2 милиони килограми тутун, над 21 милиони килограми се од прва и втора класа,или над 90 осто од тутунопроизводителите како резулатат на промена на системот на субвенционирање по класи, добиваат зголемени субвенции за прва и втора класа“, изјави министерот Николовски.

Во реколтата 2018 се засеаја 14.505 хектари со тутун што е за околу 380 хектари повеќе од 2017-та, а се склучија 33.501 договори или околу 4.700 договори повеќе од 2017-та година.

Спонзорирано: