23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ:Сиљановска потврди дека не си го познава народот, државата, не ги почитува новинарите и бега од сочување со јавност

-Сиљановска потврди дека не си го познава народот, државата, не ги почитува новинарите и бега од сочување со јавноста, реагираат од СДСМ.

– Гордана Сиљановска, кандидатката на Христијан Мицкоски призна дека не си ја познава државата, дека не си го познава сопствениот народ од кого денес бара поддршка.

Но уште посериозно е тоа што Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите и новинарите и бега од соочување со јавноста.

Со таквото однесување, Сиљановска го следи примерот на осудениот криминалец Никола Груевски кој со години бегаше од дебати и соочувања со јавноста и медиумите.

Сиљановска секојдневно потврдува дека не е достојна за функцијата за која се кандидира.

Кампањата веќе привршува а граѓаните од Сиљановска не видоа ниту еден конкретен одговор ниту едно решение што е во интерес на граѓаните, освен лицемерие, нечесност и неискреност.

Граѓаните го гледаат ваквото однесување на Сиљановска, а пораката ќе и ја пренесат веќе в недела, кога масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски што води напред, се вели во реакцијата на СДСМ.