23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев убеден дека граѓаните ќе обезбедат цензус на Претседателските избори

Премиерот Зоран Заев во вечерашното издание на Click Plus на ТВ 21 рече дека е убеден дека граѓаните ќе обезбедат цензус во вториот круг на Претседателските избори.

-Уверен сум дека граѓаните ќе обезбедат цензус и нема да дозволат нова политичка криза, рече Заев.

Има опции, верувам во граѓаните, нема да дозволат државата да се врати назад, потенцираше премиерот Зоран Заев и додаде дека во разговор со министерката за Правда, Рената Дескоска таа му воочила дека и при неуспешен втор круг има опции, а тоа се нови избори или пак промена на Устав со која ќе се скине цензусот или пак ќе се смени начинот на избор на Претседател.

Заев меѓудругото истакна дека Стево Пендаровски е заеднички кандидат на граѓаните и партиите.