Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата ги учи основците од Тетово и Гостивар како да се заштитат на социјалните мрежи

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска почна со практична реализација на превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“.

Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи од подрачјето.

Со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3.500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки, а кои во 92 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик.

Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.

Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознаени и со законските импликации доколку тие злоупотребуваат лични податоци на други лица.

Проектот е планирано да трае до крајот на идниот месец, а неговата главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации

C +

Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура

C +

Гужва на границите: за излез од државата на „Дојран“ и „Табановце“ се чека по 40 минути

C +
error: Соддржината е заштитена.