7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски од Охрид: Анкетите покажуваат двојна победа, на Стево и Константин Георгиевски, одиме заедно напред

Граѓаните на Охрид и граѓаните на целата наша држава повеќе не сакаат несигурност, нестабилност и неизвесност. Напротив сакаат напредок економски раст и економски развој, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

– Токму затоа на 21 април, токму тука во Охрид концептот заедно напред ќе издвојува голема победа и на претседателските и на локалните избори.

На овие избори се спротивставуваат два клучни концепти едниот концепт на Стево концепт на напредок и другиот концепт на уназадување кој го препочитува госпоѓата Сиљановска.

Стево Пендаровски го развива и го промовира концептот на сигурност, стабилност, на безбедна држава, напредок, евроинтеграции, и влез во НАТО Алијансата.

Од друга страна госпоѓата Слиљановска и ВМРО-ДПМНЕ претпочитаат и предлагаат концепт на уназадување, концепт на враќање кон минатото кон поделбите и изолацијата.

Нас ни е повеќе од јасно и сме убедени дека граѓаните ќе изберат напредок наместо уназадување и интеграција наместо изолација.

Впрочем тоа го покажуваат и сите истражувања на јавното мислење, поддршката за Стево и поддршката за нашиот кандидат тука во Охрид Константин расте од ден на ден.

Сите релевантни анкети потврдуваат дека Стево Пендаровски и нашиот кандидат во Охрид во првиот круг ќе издвојуваат голема предност, а во вториот круг голема огромна победа.

Почитувани присутни, почитувани охриѓани,

Охрид е веќе определен ќе гласа за Стево Пендаровски за претседател на нашата држава, и ќе гласа за Константин Ѓорѓиевски за градоначалник на нашиот Охрид, вели Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК