5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ликовите на Делчев и Конески се потсетник на твојот срам за делото со кое го нагрдуваш нивниот завет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг истакна дека во оваа кампања народот виде дека Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти, празни политичари.

-Позитивното е што се виде дека и Заев и Пендаровски се празни политичари. И што би рекле самите тие навистина се повеќе од 102.5% исти. И тоа е вистинскиот проблем за Македонија. Затоа што Зоран Заев не е ниту Тито, како што го викаат неговите, или пак уште помалку некое божество за фалење. Тоа е Зоран Заев човекот кој се фалеше да не му ја гибаме жицата македонска, оти изгубен во времето ќе го барал семето, кој велеше дека ќе донел живот. А што направи? Го промени името, го промени идентитетот, се срами да рече дека има Македонци во соседна Грција, се срами да ја отпее химната на Македонија, да слушне дека Денес над Македонија се раѓа, дека Македонците се борат за своите правдини. Се срами од македонската гарда за да не го навредел неговиот нов пријател Ципрас, истакна Мицкоски.

Тој го цитираше Рацин кој велеше „за туѓи бели дворови копај си црни гробови“!

-И навистина е тешко да се гледа како понизно се пењави пред грчкиот колега, како слугата од Македонските народни приказни, за да не згреши нешто, зошто не сакал да му предизвика проблеми дома во Грција. Ама се коцка со моето и вашето достоинство. Не го донел тоа од дома. А овој народ, господине Заев, што е со нашиот народ. Што е и со умрените, постраданите за Македонија, сегашните и оние неродените кои доаѓаат. Што е и со Гоце Делчев кој те гледам го редиш по спотовите, или Блаже Конески кој велеше дека името ни е големо, сакаат да ни го земат. Бесрамно ги редиш во спотовите на Стево. Тие се бореа за Македонија. Нивниот лик е потсетник на твојот срам за делото со кое го нагрдуваш нивниот завет, порача Мицкоски.

Спонзорирано: