7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со блед и типично партиски говор Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе освен продолжена рака на Мицкоски и Груевски

Со типично партиски речник на ВМРО-ДПМНЕ, со блед, неубедлив и празен говор, вечерва Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе од продолжена рака на Мицкоски и Никола Груевски, реагираат од СДСМ на вечерашниот говор на Гордана СИлјановска.

– Сиљановска е иста како Мицкоски. Не понуди ништо друго освен гола критика на се и сешто, кочење и блокирање на иднината на државата, против НАТО и ЕУ.

Сиљановска не се огради од ниту една криминална политика на Никола Груевски, не осуди ниту едно насилство, ниту една неправда од режимот со што се стави во негова директна одбрана.

Ова издание на Сиљановска е веќе видено.

Граѓаните не слушнаа ниту една државна порака, ниту еден конкретен проект од нејзината програма, не слушнаа ништо за нејзината визија. Јасно е дека нејзиното делување се сведува на обиди за кочење на започнатите процеси, кочење на напредокот и нови поделби меѓу граѓаните.

Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат кочење и блокирање. Граѓаните се за напредок, сигурна и стабилна иднина во НАТО и ЕУ, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК