Парламентот е во рацете на 81 пратеник, но тие не се пратеници. Тие само креваат раце, тие само ги потврдуваат веќе донесените одлуки во оваа зграда. А, во оваа зграда, власта не е распоредена на 26-мина. Некои не ни доаѓаат на работа и немаат проблем со тоа. Важно е да присуствуваат. Присуството им беше важно за да го сменат Уставот неуставно, за да организираат неуставен и незаконски референдум, за да донесат неуставен и незаконси закон за амнестија, за да го сменат Кривичниот закони во потрага по гласови за промена на името, критикуваше Гордана Силјановска Давкова на централниот митинг пред Владата.
Таа ги повика граѓаните да гласаат за неа на 21 април и 5 мај, не заради неа бидејќи, рече, таа е реализирана жена, туку заради Македонија и демократијата.
– Не смееме да им оставиме простор за повторно парламентарни игри зошто ако нема цензус од 40 проценти ќе си го сменат Уставот, за нив постапката не е ништо тешко, не ја почитуваат и ќе си решат претседателот да се бира во Собранието. Погодете тогаш како ќе се бира претседателот, со пазар, сега нашиот, утре вашиот. Погодете тогаш кој ќе биде претседател? Сега власта што сега е кај претседателот ќе биде кај нив – рече кандидатката за претседател.