Утре (недела, 14.04.2019) ќе се одржи голем граѓански митинг за поддршка на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, под мотото „Заедно Напред!“.
Митингот започнува со граѓански марш кој ќе започне од пред зградата на Црвениот крст (13.30 ч) и ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје, пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот.
Во 14.00 часот започнува официјалната програма на големиот граѓански собир – митинг на којшто ќе се обратат:
Зоран Заев, претседател на СДСМ;
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија;
Бујар Османи, од ДУИ;
Наумче Мојсовски, спортист, ракометар;