22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ранет војник итно пренесен во болница

На 12.04.2019 во 14,00 часот во ПС-Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна „Еребино“, околу 11,00 часот И.А (59) од Гостивар, вработен во АРМ, одговорен на одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, додека И.А. заедно со Б.З. и В.Џ., вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.