23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина со жените под мотото „Еднакви“.

Жените, рече Пендаровски, мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење и ова ќе биде негова заложба како иден претседател.

„Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Како што веќе најавив ова ќе биде еден од моите први 8 проекти, најавени за првите 8 месеци“, рече Пендаровски.

Само еднакво општество, посочи Пендаровски, може да е вистински правично, силно и напредно. Ова е цел кон која треба секој ден и сите заедно да работиме. Се заложив за заштита на сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство.

„Мора да создадеме услови за секоја жена да има еднаков третман и услови за развој и напредок“, порача Пендарвоски.