Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево “растура” на анкетите: Анкетата на Телма предвидува сигурна победа на Пендарвоски и значителна предност во првиот круг

Најновата анкета на Телма предвидува сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и солидна предност уште во првиот круг.

Споредбените резултати на двете анкети на Телма, едната изработена пред кампањата и една изминатата недела покажува дека поддршката за Пендаровски расте во однос на Силјановска и се га тој води со 4% во првиот круг. Ова стабилност предност во првиот круг скоро сигурно ќе му донесе победа на Пендаровски во вториот круг, ако се земе предвид дека Силјановска нема воопшто поддршка од етничките Албанци. Очигледно е дека во досегашниот дел од кампањата Пендаровски успева да допре повеќе до неопределените и да ја зголемува поддршката.

Според аналитичарите ако ваквиот тренд продолжи а Силјановска не смени нешто во кампањата, до 21 април разликата може да се зголеми уште за минимум 2 до 3 проценти во негова корист.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ги расчисти шпекулациите: Законски не е можно Иванов да ги аболицира осудените за 27. април

ДЕСК

Премиерот Зоран Заев не очекува претседателот, Ѓорге Иванов да ги помилува осудените од настаните во Собранието, на 27 април. Запрашан, дали е можно Иванов да ги помилува осудени пред истекот на мандатот, по повод неколкуте барања кои пристигнале до неговиот Кабинет, Заев изјави дека законски не е можно да се случи тоа.

„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов. Не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе“, изјави Заев.

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години казна затвор.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК