3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поведена истрага за разбојништво во кичевска обложувачница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило разбојништво.

„Осомничениот на 8 април, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг, употребувајќи опасно орудие, одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Тој влегол во спортска обложувачница во Кичево со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувачницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во разни апоени. Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомниченото лице подоцна е пронајдено и лишено од слобода“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК