23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Али Ахмети од Врапчиште: Консенсуалноста го гарантира евроатлантскиот процес

Демократската Унија за Интеграција во рамките на Претседателските избори, по Општина Боговиње беше присутна и во Општина Врапчиште за да информира и да објасни зошто треба да се прифати консензуалниот кандидат, при што беше кажано дека тоа на земјата ќе и донесе членство во евроатлантските структури, ќе има мир, стабилност и безбедност во земјата и регионот, затоа што изборот на консензуалниот претседател ќе донесе продолжување на интегративните процеси на Република Северна Македонија.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека секогаш бил транспарентен давајќи им понуда, на Никола Груевски и на Зоран Заев на последните претседателски избори и тоа со две имиња, Владо Поповски и Денко Малевски но немало договор па затоа на тие избори изгуби кандидатот што сега е кандидат, Стево Пендаровски кој во тоа време не бил консензуален.

„Јас не гледам спремност кај Силјановска за да ги потпише документите како претседател на државата во иднина, значи јас гледам пречки, исто како што постапуваше досега Иванов со Законот за јазиците, Преспанскиот Договор и многу други закони кои повторно се вратија на гласање. Немаме време за губење, ние не го гласаме само Стево Пендаровски, туку гласаме за влез во НАТО и ЕУ и го гласаме консензуалниот кандидат“, рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ додаде дека на земјата и е потребно што поскоро да стане земја членка на Европската Унија, затоа што само тогаш ќе престане алчноста на младите за заминување во Швајцарија, Англија,Америка, бидејќи тогаш ќе се приближат стандардите, исто така ќе треба да се градат добри односи помеѓу Албанците и Македонците зошто само тогаш земја ќе оди напред.