7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски во Шуто Оризари: Сите заедно да го славиме Меѓународниот ден на Ромите во европска држава

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат на граѓаните и на 30 политички партии денеска, на Меѓународниот ден на Ромите беше на трибина во Шуто Оризари. Тој посочи дека четирите лидери на партиите на Ромите во земјава за прв пат се заедно, обединети за една идеја, сите заедно даваат поддршка на оваа опција и на бројот 3 на претседателските избори.

„Да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Јасно и гласно ќе кажам, политичарите не смеат да говорат за ромските права само на Денот на Ромите. Треба секој ден да водиме грижа за правата и подобар живот на Ромите, на помалите етнички заедници, на сите граѓани“, рече Пендаровски.


Пендаровски посочи дека пред две години, дојде една нова генерација политичари, меѓу кои е и тој, кои не се оптоварени со вера и разлики. Најважна вера, рече, ни е иднината на Република Северна Македонија.

„Во јуни, доколку се продолжи со реформското темпо, очекуваме датум за почеток на преговори. Ова ќе значи прогрес, напредок, подобар живот, нови работни места и заедно да чекориме по патот кон кој тргнавме„ додаде Пендаровски.

Пендаровски побара поддршка и повика на заедништво, а на 21 април гласот за бројот 3 значи глас за победа и подобро утре за сите.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК