Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, во разговор со претседателката на вториот дом на холандскиот парламент Кадија Ариб се залагаше за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.
Соботка на работен појадок, во пресрет на денешната конференција на парламентите на ЕУ, истакна дека тоа е прашање кое се однесува на стабилноста, но и кредибилитетот на ЕУ во регионот.
Тој на холандската колешка, чија земја има воздржан пристап кон проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, ѝ укажа на зголеменото влијание на другите земји врз регионот.
Пристапната перспектива е клучна движечка сила за спроведување на внатрешните реформи во Западен Балкан, рече Соботка, особено истакнувајќи го историскиот договор на Северна Македонија и Грција.
„Сега е до ЕУ да започне пристапни преговори со Северна Македонија. ЕУ мора да покаже дека преземените напори не се без врска, туку дека демократските и политичките реформи се исплатат “, рече тој.
Соботка, исто така, ги пофали реформските мерки во Албанија, и рече дека отворањето на пристапните преговори би бил логичен чекор на долгиот пат кон членството.
Тој истакна дека нема отстапување од исполнувањето на предусловите на патот кон ЕУ.