РЕК Битола и АД ЕЛЕМ две години чекаат инвестиции од власта, а инвестиции нема. За Заев беше поважно парите од РЕК Битола да ги испумпува преку сомнителни тендери, кои ги добиваа фирми кои се поврзуваат со Вице Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на посетата на премиерот на овој комбинат.
„Заев имаше две години да направи било каква инвестиција во РЕК Битола, но тоа не го стори, затоа што капиталните инвестиции не му се приоритет, не му се ни сега, туку во изборна кампања ги лаже граѓаните“, се наведува во партиската реакција.
Од опозициската партија сметаат дека на Зоран Заев и како што велат, на неговиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, не може да им се верува.
„Десетина пати само во текот на оваа година во времетраење од неколку денови имаше испади на блокови во РЕК Битола, секој испад ја чинеше државата над 200.000 евра. Бројот на испади откако е СДСМ на власт е огромен, а штетите по државниот буџет огромни“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека власта не знае да менаџира со енергетскиот сектор.
Како што велат од таму, Заев и Пендаровски се различно лице на иста паричка, па токму затоа СДСМ мора да си замине.