23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во Дебар: Државата ја извадивме на вистинскиот пат и битно е напредокот да продолжи

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски го посети Дебар, каде со граѓаните разговараше за претстојните претседателски и локални избори во градот како и за досега преземените реформи кои, како што нагласи, ја стабилизираат економијата.

„Конечно ја извадивме државата на вистинскиот пат, се отвораат нови добро платени работни места, само за една година се отворија над 26.000 работни места, невработеноста опадна под 20 отсто. Се грижиме за младите кои се наша иднина и преку аткивни мерки создаваме можности младите тука да останат и тука да градат иднина“, истакна Спасовски.

Тој порача дека битно е напредокот да продолжи и кажа дека тоа ќе се оствари со глас за заедничкиот кандидат за пртседател Стево Пендаровски и со глас за заедничкиот кандидат за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука.