Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Во недела возам мотор, не сум редовен на фудбал со министрите

Премиерот Зоран Заев денеска беше прашан колку спортува, на што тој искоментира дека сака повеќе да вози мотор и дека нема толку време за активно да се рекреира.

– Имам многу малку време, но и покрај тоа го користам. В недела возам мотор, а во Скопје во четврток играм фудбал со министрите, но не сум редовен. Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време за спортување за да бидам подобро подготвен за секојдневните активности – рече Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир што се одржа денеска во Струмица, пренесе Фактор.

Заев додаде дека досега владата има обезбедено шест милиони евра преку ваучерскиот систем за помош на спортот и дека насекаде ќе се распределуваат рамноправно овие средства за клубовите и младите и дека целта е од сегашните пет илјади ученици кои спортуваат бројката да се зголеми на 50 илјади.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Метеоцентар со детали кога да очекуваме стабилизација

ДЕСК

Драматична тепачка меѓу повеќе лица во скопската населба Аеродром – причината банална

ДЕСК

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот е во целосен прекин

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.