Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со тоа што за првпат грчки оркестар ја свиреше македонската химна, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е тоа што химната е признаена од целиот свет, што државата и армијата се почитувани од целиот демократски свет. Залудно ВМРО-ДПМНЕ конструира случаи. Дури и нивната кандидатка, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет со Договорот од Преспа се трајно признаени и потврдени“, смета СДСМ.
Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ е деструктивно и им пречи успехот што државата го постигнува на домашен и меѓународен план.