Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен југоисточен ветер, а максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Утре ќе преовладува умерено, до значителнио облачно време, попладне претежно во западните делови со локален дожд и ретки грмежи.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 25 литри на метар квадратен, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, како и со пораст на дневната температура.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +