Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за падот на авионот – лоцирани се телата и остатоците од авионот, се прават напори физички да се дојде до него

Авионот Цесна за кој во 16.16 часот од МНАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу 5 километри северозападно од Солунска глава.

Од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Лоцирани се преку воздушен простор.

Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа за сега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.