27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ и премиер Заев и Пендаровски: Трасиран е патот, стопирање нема, да продолжиме Заедно Напред!

Патот е трасиран, стопирање нема!

Ќе имаме конечно по 10 години претседател на државата, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Прилеп, на почетокот на изборната кампања на кандидатот за претседателските избори, Стево Пендаровски.

Тој посочи дека државата ќе добие претседател на сите граѓани и ќе придонесе кон натамошниот напредок.

-Стево е претседател на сите, Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Срби, Роми, Власи, Египќани, други. Застанавме зад координаторот на НАТО, во годината кога ќе станеме полноправна членка на НАТО. Ќе имаме претседател кој ќе ги предводи интеграциските процеси на државата, ќе придонесе за животот, за економијата, за прогресот, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

 

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори на 21 април и на 5-ти мај.

-Внатрешната кохезија, иднината во НАТО и во ЕУ, ‘се што е макотрпно стекнато, да не дозволиме да се коцка. Не смееме да си играме со иднината на државата, сега кога отидовме напред, повика претседателскиот кандидат Пендаровски.

И претседателот на СДСМ и премиер Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски посочија на придобивките од политиките на заедништво и на храбри одлуки со коишто е постигнато обединувањето во земјава, поразувањето на режимот, добрососедските односи, Договорот во Преспа и се отворени евро-атлантските перспективи што носат економија, нови работни места, повисоки плати, гасификација, нови патишта, повисоки откупни цени на земјоделските производи, развој. Затоа, повикот е да продолжиме, Заедно напред!