23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски пред илјадници: Недозволиво е нашата држава да биде водена од Будимпешта

„Претседателот на државата мора да има интегритет. Ако не се согласувам со премиерот и ако оди преку дозволените граници, ќе кажам стоп, но не ми паѓа на памет да блокирам, да не давам мандат, ниту да не потпишувам закони по двапати изгласани во Собранието. Не ми паѓа на памет да бидам таков злосторник кон сопствениот народ“, порача претседателскиот кандидат на СДСМ, ДУИ и триесетина други партии, Стево Пендаровски, од денешниот собир во Прилеп.

Во говорот пред присутните тој ја обвини опозицијата дека не нуди нов концепт за НАТО и за ЕУ, туку води кон враќање назад.

„Недозоливо е нашата држава да биде водена од Будимпешта. Живеевме тешки години на груевизам, бевме дискриминирани само затоа што не бевме членови на таа партија. На изборите ќе стои под реден број 3 името Стево Пенедаровски, но не гласате само за Стево, туку за оваа политика што ја извади Македонија од дното за да може да оди и да напредува. Да одиме заедно напред“!, изјави Пендаровски.

Тој на шега, по обраќањето на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој раскажуваше дека при една посета на претседателот Ѓорге Иванов ниту вода не го понудил, Пендаровски рече дека не само вода туку и слатко ќе го послужи кога ќе го пречека во вилата „Водно“.

На трибината во Прилеп зборуваа и некои од присутните граѓани, кои во непосредна комуникација со кандидатот Пендаровски го прашуваа за платите, за денационализацијата, меѓу кои и две жени, кои се расплакаа од восхит кон Заев и Пендаровски, а друг праша дали ќе му дозволи на Иванов да си го земе фикусот.

„Секако дека да, мене не ми треба фикус дома“, одговори Пендаровски.