27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата напиша многу казни

Во текот на изминатите денови (29, 30 и 31.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 158 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 57 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и осум возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 60 возила бидејќи 54 биле нерегистрирани, три возила биле технички неисправни и три возила поради претовар. Санкционирани се 27 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 27 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 21 возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 20 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 12 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 216 мандатни платни налози и 149 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатите денови се случиле 29 сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со телесни повреди.