Денеска официјално стартува изборната кампања за претседателските избори. Според најавите, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, кампањата ќе ја почне од Охрид, заедничкиот кандидат Стево Пендаровски вечерва ќе биде помеѓу граѓаните во Прилеп, а Блерим Река од Алијансата за Албанците и Беса ќе излезе пред скопјани на плоштадот „Скендербег“.
Претседателските кандидати вчера во Државната изборна комисија со потпис се обврзаа на фер и демократски избори. Тие порачаа дека изборната трка ќе ја водат демократски и со аргументи и си посакаа успешни и фер избори.
Кампањата за претседателските избори завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.