Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендаровски објави видео: Ќе бидам претседател на сите граѓани,заедно одиме напред

Ќе бидам претседател на сите граѓани. Заедно ќе изградиме силна, безбедна и економски напредна држава. Заедно одиме напред! – напиша кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски на Фејсбук.

-Изодевме долг и тежок пат за да стигнеме тука. Но, заедно можеме да направиме многу повеќе. Ние денес носиме одлука да продолжиме напред, затоа што заслужуваме модерна, европска држава – вели тој во своето видео обраќање.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 21. април, а вториот на 5. мај.

Кандидатите за претседател на државата Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски вчера во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2383401975230512/?t=0

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК