23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Деркоски: Ако нема цензус, веднаш нови избори

Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори. На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати. Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој вели дека Државната изборна комисија во изминатиот период ги презела сите организациски мерки потребни за организација и спроведување на овие претседателските избори.

– Без разлика дали тие се или не се услов за добивање на датум за преговори со ЕУ, ние и онака како државен орган ги спроведуваме сите потребни мерки за да се организираат кристално чисти избори. Меѓутоа, тука морам да нагласам дека изборниот процес се содржи од повеќе чинители, значи не е само Државната изборна комисија. Да, ДИК е орган кој се грижи за организацијата, спроведувањето на изборниот процес, како еден од тие чинители, меѓутоа во случајот со претседателските избори имате ситуација во која на пример кандидатите, организаторите на кампањите кои исто така ќе треба да внимаваат на изборниот процес да биде фер, коректен, чист за да помине сè во најдобар ред на крајот – вели Дерковски.