23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Мицковски опиен од желбата за власт не може да го разбере предавството на осумината одметнати пратеници

Единствена Македонија со жалење констатира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски не може да разбере што значи политички интерес, а што значи национален и државен интерес, велат од Единствена Македонија.

– Мицковски најави можно враќање во ВМРО-ДПМНЕ на осумината купени и уценети пратеници кои се одметнаа од ВМРО-ДПМНЕ за да го извршат најголемото предавство во поновата македонска историја со обезбедувањето на неопходните гласови за уставните измени за бришење на се што е македонско.

Мицковски враќањето на осумината пратеници во ВМРО-ДПМНЕ го правда со изјавата дека во политиката ништо не било невозможно, со што, Мицковски опиен од желбата за власт не може да разбере што значи национален и државен интерес, бидејќи, бришењето на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ со клучната улога на осумината пратеници не може да се гледа според логиката на политиката, туку треба да се гледа според логиката на нацијата и државата и дека нивното предавство треба да остане забележано, реагираат од Единствена Македонија.