ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост и лицемерие кон земјоделците, реагираат од СДСМ.
– Поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците беа понижени, а земјоделството тонеше и имаше негативен тренд во учество во БДП во последните квартали од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од таквиот однос, Министертвото за земјоделство, стопанство и шумарство гради партнерски однос и е во постојана комуникација со земјоделците, каков што е случајот и со вчерашната средба на МЗШВ со здруженијата на одгледувачи на овци.
Во следниот период, Министерството ќе излезе со конкретно предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство.
Во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.
И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја оценуваат транспарентоста и соработката со МЗШВ бидејќи тоа е вистински начин да се добие точна бројка на овци за да се направи правилна распределба на субвенциите.
Времето кога земјоделците осиромашуваа поради погубните политики на Власта беше одлика на ВМРО-ДПННЕ и заврши со нивното заминување во опозиција.
Владата предводена од СДСМ продолжува со активности кои значат вистинска грижа за земјоделците и подобрување на условите за развој на земјоделството како една од клучните стопански гранки, се вели во реакцијата на СДСМ.