11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Скопје во еден ден издадени 114 мандатни казни

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи, од кои 12 управувале возило без да стекнат право за управување моторно возило и еден бил возач почетник.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување пешаци на пешачки премин, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување мотоцикл, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 14 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди, во кои четири лица добиле телесни повреди.

Спонзорирано: