Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска да каже зошто не го отвора својот маил на кој испративме 65 предлог амандмани

На Рената Треневска Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани на предлогот на Законот за јавно обвинителство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Десковска злоупотребувајќи ги државните институции се става во одбрана на лагите и манипулациите на нејзиниот шеф Зоран Заев.
Дескоска да одговори пред граѓаните и пред јавноста зошто не го отвора сопствениот маил и да каже дали добила или не, порака од претседателот на Комисија за правни работи Тони Менкиноски?

Заев е во паника и очај, соочен со слабиот рејтинг што го има тој и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, се служи со лажење.

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот кој е клучен за правосудните органи во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на македонското правосудство им се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи за кои што се бори криминалниот картел на СДСМ, Заев и Десковска“, додаваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-Народна партија: Бројот на настани со кои се одбележува српската окупација, ги надмина државните празници

C +

Познато е од кога би почнало ТРАЈНОТО ОДЗЕМАЊЕ НА ВОЗИЛА на лица кои безобзирно возат на патиштата во Македонија

ДЕСК

Полицијата трага по две исчезнати лица, меѓу кои и девојче на возраст од 16 години

ДЕСК