Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Возеле пребрзо и без регистрација – полицијата напиша дузина казни

Во текот на изминатиот ден (26.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои 22 управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден управувал возило под дејство на алкохол и двајца биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 23 возила бидејќи 18 возила биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 44 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

Пукање од автомобил во движење во близина на угостителски објект во Струга

ДЕСК

СИЛЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Метеоцентар со детали кога да очекуваме стабилизација

ДЕСК

Драматична тепачка меѓу повеќе лица во скопската населба Аеродром – причината банална

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.