27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ демантира: Компанијата за канабис нема никаква поврзаност со Зоран Заев

Посочената компанија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Канабис ОНЕ Доо Струмица, нема никава поврзаност со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, реагира владејачкиот СДСМ по обвинувањата што денеска на прес-конференција ги изнесе опозицијата.

„Врти-сучи ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, претседателот Заев нема никаква поврзаност со фирмата за која опозицијата денеска лажеше. ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема програма, нема ниту идеја или предлог за граѓаните па ги продолжува измислените, лажни кампањи на Никола Груевски кои немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не можат да понудат ништо освен лажни вести и измислици и да конструираат непостоечки случаи. Јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести и затоа на претстојните претседателски избори ќе го казнат нивното деструктивно и антинародно однесување“, наведе СДСМ во реакцијата.