Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на заедничко носење на законот со цел, како што велат, практично имплементирање на сите меѓународни принципи за работата на јавното обвинителство.

Додаваат дека спремноста за развивање, но и целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, е не само обврска на Владата туку треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чијашто ориентација е европската интеграција.

Министерството за правда е децидно дека поддршката за Законот за Јавното обвинителство е клучна за отворање преговори за членство во Европската Унија.

„Законот кој е во собраниска процедура ги имплементира сите меѓународни стандарди кои се однесуваат на областа на јавното обвинителство и значат заштита на човековите права, кои ја зајакнуваат независноста, неутралноста, отчетноста и ефикасноста во борба со криминалот од страна на обвинителството. Определбата за заштита на овие принципи не е само определба на Министерството за правда туку и на Република Северна Македонија која произлегува од нашето членство во Советот на Европа и аспирацијата за членство во Европската Унија“, велат од Министерството за правда.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК