23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Додека младите се селат, децата на функционерите одат на луксузни одмори

Јавноста гледа во каков луксуз и привилегии уживаат децата на функционерите на власта, а како едвај крај со крај врзуваат останатите граѓани и млади во Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Александар Димитриевиќ, од СДММ кој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ преку видео ги злоупотребило децата на политичарите за негативна кампања.

„Додека огромен број граѓани и млади живеат со својот труд тонејќи во бесперспективноста која што ја наметна овој криминален картел на власт, мал дел од децата на функционерите добиваат повластени вработувања под државна капка кај што ќе земаат натпросечни плати. Додека се повеќе млади заминуваат од Македонија заради упропастената иднина во својата татковина, децата на функционерите речиси секој месец одат на луксузни одмори во монденски места во странство и пак се враќаат дома кај своите родители-функционери за да земат џепарлак или плата од некоја државна фирма изразени во баснословни суми.
Дури и тие од СДММ кои денес држат прес конференции може да сонуваат за животот, луксузот и привилегиите кои ги добиваат децата на функционерите на партијата. Поделбата на младите ја прават Заев и криминалниот картел на власт. Од една страна се 47.6% од младите кои се невработени, а над 140 илјади живеат во сиромаштија. Од друга страна се децата на Мира Дизел Стојчевска, Милева Ѓорѓиева, Грчев, Бучковски, Локвенец, Мисовски, Шилегов, Лалчевска, Николовска, Фрчовски и десетина други од врхушката од власта кои добиваат вработувања затоа што се или најдобри или единствени кандидати или пак се одмораат на луксузни места“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.