Ефикасноста на институциите дава резултати, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти, велат од владејачката СДСМ, утрово преку соопштение.
„Посветеноста на институциите во борбата против криумчарење мигранти дава резултати.
Според официјалните податоци, во 2018 година, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти во земјата. Националната агенција за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе формирана од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дава реални резултати. Институциите се трипати подобри и поефикасни во спречувањето на криумчарењето и трговијата со луѓе“, вели Социјалдемократскиот сојуз.
Партијата додава дека МВР со своето ефикасно и професионално делување, покажало како се работи во интерес на граѓаните.