Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија во опасна политичка зависност од Србија и Унгарија и дејствува како подизведувач на интересите и политиките на двете Влади во овие држави.

„Има многу елементи коишто укажуваат на поврзаноста на власта на ВМРО-ДПМНЕ со Вучиќ во Србија и со власта на Орбан во Унгарија. И тоа не го кажуваме ние, ниту јас, ниту СДСМ. Тоа е споменато во претпоследниот извештај на Европскиот Парламент, во којшто јасно се потенцира присуството и влијанието на српско-рускиот свет во Македонија“, истакна Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека СДСМ во континуитет анализира и прибира податоци кои, како што рече, дополнително ги потврдуваат овие наводи.Како пример, тој го посочи влезот на Алта банка, која како што кажа има забрана во ЕУ.

„Влезот на една банка со прилично сомнителен капитал – Алта банка. Кога ќе ги читате написите во Србија, се поставуваат прашања-кој стои зад таа банка, каков капитал е внесен и како една минувачница може да прерасне во толкава банка и толку лесно да влезе кај нас? Дали тоа го испитале нашите служби, дали го испитал гувернерот и зошто на таа банка ѝ е забранет влез во Европската унија?.И рекле, не, почекајте, потребни се дополнителни испитувања. Зошто ние така лесно дозволуваме влез на таков сомнителен капитал. Треба властите тоа да го кажат“, рече Филипче.

Тој додаде дека не е тајна односот на Владата на ВМРО-ДПНЕ кон Унгарија и Србија, а со падот на автократските режими во регионот ќе дојде и крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е тајна воопшто. Кога гледаме како се поставува нашата влада кон владата во Унгарија. Оваа власт на Христијан Мицкоски тука е дојдена со логистичка и финансиска поддршка од страна на Србија и Унгарија. Унгарија колку време го чува побегнатиот Никола Груевски? Така што со падот на тие автократски режими, на таа оска, полека доаѓа и крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

C +

„Влен“: Правичната застапеност добива европски печат и набегу ќе влезе во парламентот

C +

Димитријевиќ: AKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција (МИЦКО), пријавете!

C +
error: Соддржината е заштитена.