Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

Изминатите години и пол се што гледаме од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ е само партизација на институциите на секое ниво, порача во интервју за ТВ Сител претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој додаде дека не е донесен ниту еден реформски закон што според него, потврдува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не сака никакви реформи

„Потребни се реформските закони ниту еден не е донесен. Потребен е Закон за јавно обвинителство, за судски совет, за движење на судски предмети. Потребен е нов кривичен закон тоа сакаат граѓаните да видат, а не упад во системот и менување на еден човек со друг. Веќе назначија обвинител, веќе назначија член на судски совет итн. Што сакаат да постигнат? Зошто повторно ги гледаме истите теркови на однесување како времето на владеење на Груевски, односно да се има целосна контрола на системот“ истакна Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.