Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Хибридна обука за подобро полициско работење

Полициски службеници од цела Северна Македонија ќе имаат можност да ги користат придобивките од побрза, пофлексибилна и висококвалитетна обука по комплетирањето на новиот Систем за хибридно образование во рамките на Министерството на внатрешни работи (МВР), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Развиен во тесно партнерство со МВР и финансиран од Германија и Норвешка, со проектот се модернизираше полициската обука преку комбинација од предавање во училница со дигитални алатки за учење. Ова им овозможува на службениците од цела држава редовно да ги ажурираат своите вештини и поефективно да реагираат на потребите на јавноста.

Во центарот на иницијативата е новиот Мултимедијален центар за обука при Центарот за обука Идризово како и онлајн-платформа за учење, која е лесна за користење, кои се целосно интегрирани во и управувани од страна на Министерството. Дополнително, 18 домашно обучени инструктори сега се опремени со знаење да дизајнираат и држат хибридни курсеви на долгорочна основа, водејќи сметка системот да продолжи да се развива одвнатре во самата институција.

Во неговото обраќање на завршниот настан, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја истакна важноста на постојаната професионална едукација за градење модерна и професионална полициска служба. „Преку оваа соработка беше поставена основа за модерен и одржлив хибриден образовен систем: развиена е програма за хибридна обука, селектирани и обучени се обучувачи со високи дигитални компетенции, воспоставен е Мултимедијален центар за обука во Идризово, во вредност од околу 350 илјади евра, како и Систем за управување со учење (LMS) кој овозможува квалитетна и флексибилна едукација“, истакна министерот Тошковски.

Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја нагласи директната релевантност на проектот за граѓаните: „За ОБСЕ, овој проект отсекогаш бил инвестиција во луѓе. Подобра обука значи подобра служба. Преку инвестирање во национална експертиза и модерни алатки за учење, овој проект помага да се изградат сигурни полициски службеници, посилна доверба на јавноста и побезбедни заедници“, изјави амбасадорот Вал.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер, ја подвлече вредноста на силните партнерства при испорачувањето практични резултати кои носат придобивки и за институциите и за граѓаните.
„Со водење сметка за безбедноста на јавноста, спроведувањето на законите и заштитата на основните права на сите граѓани, полиција која добро функционира ја зајакнува довербата во владеењето на правото и државата. Модерна и најнова обука е од суштинско значење за да се постигне ова. Сигурна сум дека нашата германска финансиска поддршка е вредна инвестиција благодарение на силно партнерство“, изјави амбасадорката Дрекслер.

Покрај влијанието на национално ниво, проектот исто така ја поврзува Северна Македонија со регионалните мрежи за полициска обука, вклучително и здружението на полициски академии од Југоисточна Европа поддржано од ОБСЕ, со што се овозможува споделување искуства и кревање на професионалните стандарди во регионот.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје тесно работи со домашните и меѓународните партнери со цел да се зајакне полициското работење преку сеопфатен пристап. Покрај проектот за хибридна обука поддржан од Германија и Норвешка, Финска придонесе за подобрување на полициските простории во Битола и Струмица преку создавање побезбедни простори за интервјуа на жртви на насилство, вклучително и лица кои доживеале семејно и родово базирано насилство. Заедно, овие иницијативи покажуваат како силните партнерства може да испорачаат практични резултати кои ги зајакнуваат институциите и подобро им служат на граѓаните.

Мисијата ќе продолжи да го поддржува Министерството во зајакнувањето на професионалните стандарди за полициско работење, придонесувајќи за побезбедни заедници и поподготвено полициско работење по мерка на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.