Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан од холокаустот. Клајтман беше убиен додека со своето тело ја штитеше својата сопруга од куршуми. Трагедијата ја потврди неговата сопруга Лариса, со која беше во брак 57 години, објавија австралиските медиуми.
Алекс и Лариса патувале до светски познатата плажа Бонди во Сиднеј за да присуствуваат на настанот за Ханука кога двајца терористи отвориле оган врз толпата.
„Стоевме и одеднаш се слушна ‘бум бум’ и сите паѓаа“, изјави Лариса за австралиските новинари.
„Во тој момент Алекс беше зад мене“, рече таа. Роднините на скршената вдовица објаснија дека Алекс бил застрелан и убиен додека лежел на земјата над својата сопруга спасувајќи ѝ го животот со својот последен херојски чин.
„Неговото тело е сè уште таму, а јас седам тука и не знам што да правам“, рече Лариса додека ја напушташе болницата, во која беше однесена по пукањето. „Немам сопруг. Не знам… никој не може да ми даде никакви одговори“, додаде таа очигледно сè уште во шок.
Во ужасниот напад на плажата Бонди, каде што речиси 2.000 луѓе се собраа да го прослават првиот ден од Ханука, беа убиени најмалку 15 лица, а 40-ина беа повредени./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


