Три милиони патници на скопскиот аеродром е нешто што прв пат се случува на историјата на Македонија. Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, имаме континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, на бизнисот му овозможуваме подобри комуникации и врски, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Меѓународниот Аеродром Скопје, каде симболично беше одбележн три милионитиот превезен патник.
На семејство кое патуваше од Скопје за Бари како избран три милионитот патник, вицепремиерот Николоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт му врачија честитики и симболична награда од ТАВ Македонија.
“Зеднички можеме да постигнуваме огромни резултати. Драго што ова прекрасно семејство кој што денеска патува до Бари ја имаше таа среќа да биде три милионитиот патник кој што го гледа скопскиот аеродром. Ако направиме споредба што нешто се случуваше пред неколку децении на скопскиот аеродром претпоставувам дека тоа било незамисливо кога почнал да се развива овој аеродром. Но скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион. Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала” истакна Николоски.
Вицепремиерот потенцираше дека бројот на патници бележи континуиран раст.
“Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200 илјади патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300 илјади патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3, 5 милиони патници. А тука е растот, оваа година имаме континуиран раст, Ако во Март имаме раст од 6 % раст, Април 9 %, Мај 8 %, Јуни 12 %, Јули 7 %, Август 9 %, Септември 8 %, Октомври 12 %, веќе во Ноември имаме 25 % раст споредено со минатата година што значи за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат на македонските аеродроми” – рече вицепремиерот.
Тој најави и нови дестинации во 2026 година.
“ Скопје-Наполи започнува од 6 април, Скопје-Будимпешта исто така почнува на 6 април, Охрид -Катовице заапочнува на 28 јуни, Охрид – Вроцлав на 28 јуни и Охрид-Милано на 28 јуни следната година. Ако на ова додадеме дека Аустриан Ерлајнс започнува со редовни линии Виена -Охрид, навистина имаме убави вести. Се надевам дека в’година, ако не 4 милиони, барем 3, 5 милиони патници да прославиме тука од скопскиот аеродром”- додаде вицепремиерот Николоски.
фото Министерство за транспорт
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


