Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Алиу – Филипиду: Размена на знаења и современи практики за јакнење на човечките ресурси во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду, на која се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во здравствениот сектор.

Во фокусот на разговорите беа теми поврзани со јакнење на човечките ресурси во здравствениот систем, преку размена на знаења и искуства, професионални практики и современи медицински методи на лекување, како основа за подобрување на квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги.

Министерот Алиу ја истакна потребата од проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во насока на подобро усогласување на образовните и кадровските политики со реалните потреби на здравствениот систем.

Министерот Алиу и амбасадорката Филипиду ја потврдија подготвеноста за натамошна комуникација и конкретизирање можни форми на соработка, во рамки на заедничките здравствени приоритети и интереси.

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК